Connect with us

Фудбал

Можеше да направи многу повеќе: Насри се пензионираше на 35 -годишна возраст

Францускиот фудбалер Самир Насри објави дека се повлекува од активниот фудбал, а клучниот фактор што придонесе за таа одлука е 18-месечната забрана за играње, која ја доби во 2018 година поради недозволено лекување со инфузија на клиника во Лос Анџелес.

Последен пат Насри играше професионално за белгиски Андерлехт во 2020 година, но подоцна повредите му го скратија мандатот во Брисел.

Едно време, овој офанзивен играч за врска од Сен Ле-Валон се сметаше за еден од најталентираните фудбалери во светот-ја започна својата професионална кариера во Марсеј во 2004 година.

Потоа играше за Арсенал (од 2008 до 2011 година), Манчестер Сити (до 2017 година), беше позајмен во Севиља, а исто така ги носеше дресовите на Анталија и лондонски Вест Хем Јунајтед. Тој освои две Премиер лиги со „Граѓаните“, и одигра 41 натпревар за француската репрезентација и постигна 5 гола.

„Епизодата со суспензијата поради допинг ме повреди многу, казната беше повеќе од неправедна. Јас добив само инјекција со витамин затоа што бев болен. Тоа целосно ме „пресече“. Винсент Компани ме покани да играм за Андерлехт, но не беше како што планиравме затоа што пандемијата не спречи. Не гледам предизвик повеќе да играм“ , изјави Самир Насри за францускиот „Журнал ду Диманш“.