Connect with us

Други спортови

МТКФ на семинар во Грција

Од утре до 16 јуни во Неа Флогита, Грција ќе се одржи јубилејниот 50. традиционален карате семинар и турнир „Неа Флогита 2018 година“.На семинарот ќе учествуваат тренери, судии и напреварувачи-каратисти од Македонија, Грција и Србија.

Инструктори на карате семинарот ќе бидат Сенсеи Венцислав Недев 9 дан, Сенсеи Дејан Недев 6 дан и Сенсеи Аљоша Недев 6 дан.

– Овој семинар веќе 20 години се организира на егејското море од кој последните пет години се одржува во Неа Флогита. Во минатото карате семинарите на МТКФ се организирале во Македонија во (Охрид, Струга и Дојран) на јадранско море во Црна Гора (Улцињ, Херцегнови, Будва) и на Црно море во Бугарија, (Приморско). На сите овие карате семинари инструктори биле најврвните светски карате мајстори како Сенсеи Хидетака Нишијама, Таиџи Казе, Хироши Шираи, Илија и Владимир Јорга, информираат од МТКФ.

Семинарот во Неа Флогита ќе биде и од подготвителен карактер за претстојниот Европски шампионат кој од 14 до 16 септември ќе се одржи во Белград, Србија.