Connect with us

Фудбал

Му давам поддршка на Кулибали

Најголемата ѕвезда во дресот на Јувентус, Кристијано Ронало му искажа поддршка на дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали кој на дерби пресметката против Интер беше изложен на расистички навреди од навивачите на миланскиот клуб.

  • Отсекогаш верував дека во светот и во фудбалот ни е потребна едукација и почит. Нема место за расизам и никаква форма на навреда или дискриминација во фудбалот!, напиша Роналдо на Инстаграм.

Претходно, тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, изјави дека следниот пат кога ќе има таков инциденти, тимот веднаш ќе го напушти зелениот терен.