Connect with us

Ракомет

Му кажа збогум на ракометот за да стане маж

Една од најдобрите ракометни репрезентативки на Шведска Луиз Санд и стави крај на кариерата на 26-годишна возраст, но не заради повреда, туку затоа што сака да го промени полот. Санд го прекина договорот и со францускиот клуб Флери и јавно ги потврди своите планови за промена на полот.

  • Не ми е грижа дали луѓето ме сакаат или не. Она што ми е важно е дека конечно го правам тоа што го сакам. Официјално ја завршувам кариерата. Од осум години играм ракомет, ракометот беше мојот живот – изјави Санд.

Таа реши јавно да проговори за својата одлука знаејќи дека не може да го избегне интересот на јавноста, бидејќи е позната личност и има одиграно дури 105 натпревари за репрезентација на Шведска.

  • Јас сум родена во погрешно тело. И за мене е големо олеснување што конечно ќе можам да го живеам животот како што сакам. Добро е што ќе можам отворено да зборувам за моите сфаќања, ова го правам и за моите најблиски кои не ќе мора да лажат за мене – вели Луиз Санд која по промената на полот ќе стане Луи Санд.

Но, ова не прва ваква приказна кога во прашање е ракометот, бидејќи слична ваква пред извесно време пристигна од Австарлија. Станува збор за ракометарот Калум Монси. Имено, тој играше за селекцијата на Австралија на Мундијалот 2013 година што се одржа во Шпанија, а шест години подоцна повторно ќе се појави на Мундијал, но како член на женската селекција, откако пред две години го промени полот.

Калум сега се вика Хана, а покрај се има голема страст за ракометот. Иако одамна имаше желба да игра за женскиот ракометен тим (на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Рио), но  Меѓународниот олимписки комитет побара хормонска терапија од една година пред да даде дозвола. Во април минатата година почна да тренира со женската селекција, а дебито го имаше на Азиските игри на кои постигна 23 гола, а Австралија заврши на петтото место.