Connect with us

Фудбал

Му се плачеше, Аморим го понижи и извади од игра во 33-та минута, а потоа испрати порака: Не играм повеќе за Јунајтед

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркзе, наводно со золзи во очите заминал во соблекувалната откако бил заменет во првото полувреме од нивната премиерлигашка пресметка со Њукасл. Зирзке беше жртвуван од тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, откако „црвените ѓаволи“ по 30 минути губеа со 2-0 дома од Њукасл.

Летното засилување вредно 36,5 милиони фунти беше изваден од игра 33 минути по натпреварот.

Откако стигна до клупата, Зиркзеја зема јакната и брзо го напушти теренот упатувајќи се кон тунелот. Според beIN Sports и Sky Germany, тој бил виден со солзи во очите во тунелот бидејќи при напуштањето на теренот бил исмејуван од домашните навивачи. Зиркзе на крајот ќе се врати на клупата на Манчестер Јунајтед неколку минути подоцна.

Утрово Зиркзе го возврати ударот, според англиските медиуми, контактирал со челниците на клубот и јасно им кажал дека повеќе не сака да игра за Манчестер јунајтед и дека сака да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.