Connect with us

Фудбал

Му се закануваат со смрт, а тој донесе одлука: За*би закани, дај 8 милиони евра

Славниот романски тренер Мирчеа Луческу, кој одамна зачекори во осмата деценија од животот и кој се прослави со 12-годишното водење на Шахтјор, сепак ќе остане тренер на Динамо Киев. Луческу беше подготвен да одбие договор вреден 8 милиони евра,бидејќи група навивачи на Динамо испратила заканувачка порака со смрт, не дека седел на клупата на најголемиот ривал, туку поради изјавите дека Украина и Русија се едно те исто.

-Не сакав да направам проблеми на Динамо, ниту на вашето семејство. Подготвен сум да работам заедно и убеден сум дека со резултатите ќе успееме да го смениме односот на навивачите кон моето именување, стои во поракатана Мирчеа Луческу кон првиот човек на Динамо Киев,Игор Сиркус.

Но, во меѓувреме Луческу добил нова порака од навивачите.

-Мирчеа, се добро разбра. Тука нема да можеш нормално да работиш. Ти ветуваме, не само „топло“ добредојде, туку и најтешки можни услови за работа. Ова ќе ти бидат најтешките заработени милиони во кариерата, стои во пораката.