Connect with us

Фудбал

Мундо Депортиво откри три можни засилувања за Барса: Еден е желба, дуригиот е цел, третиот е опција

Каталонскиот весник Мундо Депортиво ги претстави потенцијалните засилувања на Барселона во следниот летен преоден рок.

Следното лето, Барселона треба да направи одреден вид реконструкција со нови засилувања и конечно да се засили до тој степен што ќе атакува на трофеи во Шпанија и Европа.

Клубот од Камп Ноу, кој неодамна со трансфер потези го намали буџетот за плата, треба да започне сериозно купување на крајот на сезоната и има три желби.

Според Мундо Депортиво, Барселона сака да ги донесе Ерлинг Халанд, Дани Олмо и Пол Погба на лето. Норвежанионот МД го нарече „желба“ на Барселона, поранешниот играч на Динамо една од главните цели, а играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед една од опциите во средниот ред.

Најтешката, најскапата и најкомплицираната операција сигурно би била да се донесе Халанд. Напаѓачот на Борусија Дортмунд се одликува и во Бундеслигата и во Лигата на шампионите и долго време го привлекува вниманието на најголемите тимови на Стариот континент. Челзи го сакаше минатото лето, но германскиот клуб за својата ѕвезда ја постави премногу висока цена.

За една година, Халанд може да чини околу 100 милиони евра. Реал Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ, Челзи исто така го бараат, поради што на Барселона ќе и биде навистина тешко да го доведе во своите редови.

Иднината на Погба во Манчестер останува неизвесна. Неговиот договор истекува во текот на летото и се уште не е познато дали ќе го продолжи. И во тој случај Барселона ќе има конкуренција бидејќи Французинот го бараат многу големи клубови, пред се ПСЖ, кој во последно време ужива да носи звучни sвезди без надомест.

Што се однесува до Олмо, тој моментално е во Лајпциг и е под силен договор, но не е исклучена желбата на играчот да се врати во Барселона, од каде како тинејџер отиде во загрепскиот Динамо.

Многу секако ќе зависи од финансиските можности на Барса и дали клубот ќе се стабилизира со бројни проблеми поради големата криза, поради што го загуби Лионел Меси, кој се пресели во ПСЖ, летово.