Connect with us

Фудбал

Муралот на Меси осамна низ целата зграда во неговиот роден град

На Лионел Меси му беше приредена голема чест.

Во неговиот роден град Росарио, навивачите му оддадоа почит правејќи мурал од 100 метри на ѕидот на една зграда.

Муралот го прикажува Меси во дресот на Аргентина со десната рака на градите и сонцето кое сјае над него.

Локалните уметници Марлен Зуриага и Лисандро Уртеага создадоа такво неверојатно дело во чест на седумкратниот добитник на Златната топка.

Уметничкото дело е дел од проектот Common Messi, чија цел е да ги шири сликите на глобалната суперѕвезда низ бројни згради во Росарио.

Навивачите се воодушевени од оваа работа, а за аргентинските медиуми коментираат: „Тој тоа го заслужува од Аргентина, долго време го носеше знамето, почит кон Меси“.

„Меси, најдобриот на сите времиња“, гласи друг коментар, додека еден навивач додава дека муралот изгледа лудо.

Легендарниот фудбалер за репрезентацијата на Аргентина одигра 158 натпревари и постигна 80 гола, а оваа година конечно го симна проклетството и освои еден трофеј со оваа селекција. Тоа е Копа Америка.