Connect with us

Фудбал

Муриљо ќе му чува грб на Меси

Актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Барселона, и официјално го осигура потписот на првото зимско засилување. Дресот на каталонскиот гигант во следниот период ќе го носи и колумбискиот интернационалец, Џејсон Муриљо.

Централниот дефанзивец успешно го помина задолжителниот лекарски преглед и до крајот на актуелната сезона ќе биде сериозна конкуренција на Самуел Умтити и на Томас Вермален, кои моментално се повредени.

Поранешниот фудбалер на италијанскиот калчо гигант Интер до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч од редовите на Валенсија, но Барселона на располагање ја има и опцијата за откуп на неговиот договот. Доколку ги оправда очекувањата на клупските челници, Барса ќе го откупи неговиот договор за 25 мил. евра.

До пред неколку дена, гигантот од “Ноу Камп” се обидуваше да ги осигура услугите на данскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Андреас Кристенсен, но “сините” не беа заинтересирани за никаква продажба или позајмица.