Фудбал
Мурињо бара нови 300 милиони евра за засилувања… човекот нема граници
Во текот на вчерашниот ден стратегот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо индиректно побара уште финансиски средства за да може да му се спротистави на Манчестер Сити кој сезонава е неприкосновен во Премиер лигата.
Мурињо бара нови 300 милиони евра за фудбалери како засилување, а Манчестер е веќе најскап во Премиер лигата, според проценките на англиските новинари.
Португалецот во досегашниот свој престој на „Олд Трафорд” потроши скоро 300 милиони фунти, но тоа тоа за Жозе не е доволно зошто неговиот најголем конкурент „купува бекови по цена на напаѓачи”.
Ова беше повод за шпанска „Марка” да го поздрави поранешниот стратег на Реал Мадрид и да му состави тим од 300 милиони евра кој може да се носи со Сити. Во единаесетката има играчи кои на крајот на сезоната ќе бидат слободни, играчи со откупку клаузули како Гризман и Одриозола, плус фудбалери како Верати, Дибала и Сандро за кои вредноста е превземена од Трансфермаркет.