Connect with us

Фудбал

Мурињо дава 50 милиони евра за sвездата на Бундеслигата, која Лајпциг ја плати само два милиони

Жозе Мурињо веќе подолго време го следи Марсел Сабицер и сега е подготвен да го купи фудбалерот на Лајпциг за 50 милиони евра.

Австрискиот играч за врска му помогна на Лајпциг да го елиминира Тотенхем од Лигата на шампионите минатата сезона, а од тогаш Мурињо редовно го следи и верува дека е идеален за неговиот тим.

Сабицер е во Лајпциг од 2014 година кога пристигна од Виена Рапид, и стана еден од најдобрите играчи на Бундеслигата.

Тој има договор со Лајпциг до летото 2022 година, а германскиот клуб сега верува дека има добра можност да заработи богатство на играч кој претходно го платил два милиони евра.

Засега е непознато само дали Мурињо ќе се обиде да го направи трансферот во јануари или ќе чека крај на сезоната.