Connect with us

Фудбал

Мурињо доби жестоки навреди од навивачите на Јувентус, потоа крена три прста и ги замолкна сите

Фудбалерите на Рома беа поразени синоќа на гости кај Јувентус со 1:0 во натпреварот од осмото коло во Серија А.

Старата дама успеа да дојде до трите бода, а херој беше Моис Кин кој го постигна единствениот гол во оваа игра во 18 -та минута.

Рома можеше да израмни во самиот финиш на првото полувреме кога судијата досуди пенал, но Веретаут не успеа да постигне гол и да го совлада Шчешни.

Во центарот на вниманието за време на овој натпревар беше и Мурињо, кој беше дочекан со свирежи од навивачите на Старата дама.

За време на натпреварот често можеше да се слушнат разни навреди кон португалскиот стручњак, но тој не им остана должен и ги замолкна со еден потег.

Мурињо крена три прста алудирајќи на тројката што ја освои пред 11 години со Интер, што Јувентус никогаш не успеа да го направи во својата историја. И по натпреварот, Португалецот беше запрашан како ги коментира навредите од трибините, а тој даде краток одговор.

„Очигледно, навивачите на Јувентус не ме сакаат“, коментираше тренерот на Рома по натпреварот на стадионот „Алијанц“.