Connect with us

Фудбал

Мурињо: Еден ден и јас ќе одам во Саудиска Арабија

Португалскиот тренер на Рома, Жозе Мурињо изјави дека еден ден ќе преземе клуб од Саудиска Арабија, пренесува Daily Mail. Мурињо има договор со Рома до јуни следната година.

„Ќе ви ја кажам вистината, мислам дека еден ден ќе одам во Саудиска Арабија. Кога велам „еден ден“ не мислам на утре, а не мислам ниту на задутре“, изјави Мурињо во интервју за ТВ каналот MBC (MBC) Египет.

Португалскиот стручњак беше тренер на Реал од 2010 до 2013 година. Клубот од Мадрид на крајот на сезоната ќе остане без тренер, бидејќи Карло Анчелоти ќе го преземе бразилскиот тим. Тој одговори на прашањето дека би можел да го преземе Реал на крајот од сезоната.

„Јас во Реал? Кога имате супер тренер, зошто би земале во предвид некој друг? Го познавам многу добро претседателот на Реал, Флорентино Перез, тој е многу интелигентна личност. Како навивач на Реал и пријател на Анчелоти, се надевам дека мадридскиот клуб ќе има одлична сезона и дека Карло и следната сезона ќе биде на клупата на овој тим. Тој е совршен тренер за Реал“, изјави Мурињо.

Покрај Рома и Реал, португалскиот стручњак беше тренер и на Челзи, Интер, Порто, Леирија, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

„Мислам дека само лудак би го напуштил Реал доколку клубот се уште го сака. Тој лудак бев јас, единствениот што си замина по три години, а претседателот сакаше да останам. Мислам дека Анчелоти ќе остане на првиот јасен знак од Флорентино Перез. Тој е совршен за Реал и Реал е совршен за него“, изјави Мурињо.