Connect with us

Фудбал

Мурињо: Го донесовме најдобриот млад бек во Европа

Манчестер Јунајтед вчера го претстави новото засилување. По постигнувањето договор со Фред од Шахтјор, Олд Трафорд стана дом и на Диого Далот, кој во англискиот тим доаѓа од Порто.

Овој 19-годишен кој е член на младинската репрезентацијата на Португалија со Манчестер Јунајтед потпиша пет-годишен договор, а со неговото пристигнувањт Жозе Мурињо е воодушевен, кој го нарече “најдобриот млад бек во Европа”.

“Меѓу неговите врсници, тој е најдобар фудбалер во Европа, тој е исклучително талентиран и млад одбранбен играч, има квалитет наскоро да стане голем играч на нашиот клуб”, рече Мурињо, додавајќи:

“Тој ги има сите особини кои се потребни за еден бек, физички, тактички и технички, и сето тоа во комбинација со менталитетот на академијата на Порто, која ги подготвува момчињата за она што следи во професионалниот фудбал.”

Се шпекулира дека Манчестер Јунајтед одвоил 20 милиони евра за овој играч.