Connect with us

Фудбал

Мурињо го „пречкрта“ францускиот напаѓач

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, беше многу незадоволен од напаѓачите, кои играа на вчерашниот натпревар против Брајто.

Жозе Мурињо на синоќешната прес-конференција буквално „збесна“ поради поразот на својот тим од Брајтон со 1:0, а особено ги критикуваше напаѓачите Рашфорд и Мартијал, кој не успеа да надоместат отсуството на првиот напаѓач на „ѓаволите“, Лукаку.

„Играчите кои ги менуваа отсутните, не одигра на очекуваното ниво, и не ги исполнија моите очекувања. Можеби после овој натпревар веќе нема да ме прашувате зошто не играат некои А, Б, Ц или Д фудбалери“, изјави Мурињо, додавајќи:

„Зошто секогаш играат Лукаку? Зошто секогаш игра Лукаку? Зошто секогаш игра Лукаку? Сега имате одговор на тоа прашање, бидејќи Лукаку едноставно мора да игра“, рече португалскиот стратег.

Овие зборови најмногу може да се однесуваат на Мартијал, а се очекува Рашфорд да добие шанса и во следната сезона, бидејќи тој уште е млад и затоа што тој сепак е дете на клубот.

Од друга страна, Мартијал игра под секое ниво за втората сезона, и се поизвесно е неговото заминување на лето. Се вели дека Јувентус е подготвен да плати 60 милиони евра за францускиот напаѓач.

Како следни дестинации на Французинот се спомнуваат Баерн и Челзи, иако тешко е да се поверува дека Мурињно тукутака да продаде еден од подобрите играчи на ривалите од Премиер Лигата.