Фудбал
Мурињо: „Ибрахимовиќ не е потполно спремен, се враќа на дополнителна рехабилитација“
Златан Ибрахимовиќ се врати накратко од тешката повреда, но не е задоволен од закрепнувањето, па ќе прави дополнителна пауза.
Златан е повреден, односно не е задоволен од состојбата во која се наоѓа моментално. Се бори како лав, како што тој знае да каже. Се врати на терен, но чувствува дека се уште не е потоплно спремен. Разговараше со лекарите и одлучи дека некое време нема да игра. За две седмици повторно би требало да почне да тренира и се надевам дека што поскоро ќе може да игра, изјави Мурињо.
Португалскиот стратег со ова ги разјасни шпекулациите кои кружеа дека Златан го нема бидејќ се подготвува да направи трансфер и си замине зимава од „Олд Трафрод“.