Фудбал
Мурињо: Јас и Клоп не сме пријатели, но …
Жозе Мурињо зборуваше на различни теми на прес-конференцијата одржана во пресрет на натпреварот од Премиерлигата против Тотенхем.
Во врска со преодниот рок, поточно на прашањето за Деле Али тој одговори:
„Деле Али ќе останат тука, како што секогаш велев. Тој не игра само затоа што е повреден во моментот“, рече Мурињо.
Мурињо даде интересен одговор и на прашањето дали се пријатели со Јирген Клоп.
„Јас не сум пријател на Јирген бидејќи никогаш немав време да остварам пријателска врска со него. Го гледам двапати годишно, пет минути пред и по натпреварот, но затоа тој е колега што го почитувам, немам проблеми со него“, истакна Мурињо и продолжи:
„Клоп не може да прави чуда, во овие ситуации можете само да ја ограничите штетата. Не е можно да се замени играч како Ван Дијк. Тоа е исто кога кај нас недостасуваше Кејн“.