Connect with us

Фудбал

Мурињо ќе биде тренер на Фенербахче, ќе може да замине бесплатно и предвреме во еден случај!

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо според сите проверени извори ќе потпише двегодишен договор со турскиот вицешампион Фенербахче, но со една важна клаузула. Се известува дека спортскиот директор на Фенербахче Марио Бранко се сретнал со сонародникот и постигнал договор со „Специјалниот“ да го преземе Фенербахче.

Како што пренесува Sky Sports, Фенербахче наскоро и официјално ќе го претстави португалскиот стручњак, додека Calciomercato пренесува дека има многу важна клаузула во договорот. Се наведува дека познатиот стручњак побарал во договорот да се вметне клаузула според која ќе може да го напушти клубот без обештетување доколку добие понуда од португалската репрезентација. Ова е голема желба на Жозе Мурињо, кој ја имаше оваа можност кога беше тренер на италијанска Рома, но не можеше да ја прифати. Подоцна се покаја за таа одлука.