Фудбал
Мурињо: Лесно им е на Клоп и Гвардиола
Попладнево Тотенхем игра против Манчестер Сити, а Жозе Мурињо во него стил ги подгреа страстите пред дербито. Тој вели дека не е лесно да се состави добар тим, особено не ако немаш пари колку сакаш на располагање.
-Пеп и Јирген се двајцата најдобри тренери и во лигата и на светот. Водат клубови кои сакаат да освојат се, а за да освоите се, морате да ги имате најдобрите играчи на секоја позиција. Не е лесно да се состави добра екипа, но кога Пеп сакаше да потроши пари за дефанзивци, тогаш тоа и го направи. Клоп го доведе Ван Дајк, а потоа и тој не му беше доволен, па го купи и Алисон. Така оди во клубовите со огромни финансиски можности. Лесно им е на нив, вели Мурињо.