Connect with us

Фудбал

Мурињо: Му се јавив на Горан Пандев да го прашам за Шкендија

Жозе Мурињо за официјалниот интернет сајт на Тотенхем зборуваше за вечерашниот меч против Шкендија во Скопје, во рамките од третото квалификациско коло од Лига Европа. Португалецот вели дека ја анализирал играта на Шкендија, но открива дека му се јавил на Горан Пандев за информации.

-Ги анализиравме, дури му се јавив на мојот поранешен играч Пандев, бидејќи тој е сопственик на тимот Академија Пандев што играше против Шкендија минатиот викенд. Го познавам стадионот, играв таму во Европскиот Суперкуп (Јунајтед против Реал Мадрид, 2017). Би рекол дека се слично ниво со нашите бугарски противници (Локомотив Пловидви). Подобри сме, но треба да постигнуваме голови за да бидеме подобри од нив. Во Пловдив, сите знаат дека немавме лош натпревар, воопшто, мислам дека имавме позитивен натпревар од самиот почеток, но беше тешко и издржавме. Се надеваме дека можеме да ја одведеме играта во друга насока и да ни олесни малку, вели Мурињо.