Connect with us

Фудбал

Мурињо на состанок со раководството и играчите на Манчестер Јунајтед

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, ќе одржи заеднички состанок со раководството на клубот и играчите.

Според „Дејли мејл“ Португалецот сака да се разговара за актуелната ситуација во клубот.

Тој планира да го покрене прашањето за односите со Пол Погба, пристапот на раководството кон засилувањето на составот, како и за играта на тимот на почетокот на сезоната.

Манчестер Јунајтед со своите игри во првите две кола ги разочара навивачите. Постигна тешка победа над Лестер (2:1) во првото коло и загуби од Брајтон (2:3) во втората рунда.

Следен противник на „црвените од Енфилд“ во Премиер лигата е Тотенхем.