Connect with us

Фудбал

Мурињо не сака да слушне за критики, тврди дека е еден од најдобрите

Стратегот на премиерлигашот Тотенхем, Жозе Мурињо, изјави оти научил да ги игнорира критиките упатени на адреса на неговите тренерски методи, додавајќи оти се смета за „еден од најважните фудбалски тренери“.

Мурињо ја почна тренерската кариера во Бенфика во 2000-та година, предводејќи го потоа екипите на Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Во Тотенхем го замени Маурисо Покетино, но се најде на удар на критичарите, откако лондонскиот клуб во моментов падна на шестото место во Премиер лигата, а во меѓувреме, доживеа и елиминацијата во осминафиналето на Лига Европа од Динамо Загреб.

– Мислам дека никој нема да разговара за ракетната наука со луѓе од НАСА, рече 58-годишниот Мурињо на виртуелен настан организиран од спонзорот на Тотенхем,

– Но, има луѓе, кои мислат дека можат рамноправно да разговараат за фудбалот со еден од најважните тренери. Тоа е убавината на фудбалот. Навикнав и го ценам тоа. Значи, сè е во ред со мене, коментираше Мурињо во свој стил на критиките.