Connect with us

Фудбал

Мурињо останува без својот соработник после 17 години

Откако Јирген Клоп остана без својот најблизок соработник, и Жозе Мурињо од Манчестер Јунајтед ја доживеа истата судбина.

Британските медиуми објавија дека Руи Фариа по 17 години реши да стави крај на соработката со Мурињо и да тргне во друга насока, а според некои извори, тој е меѓу кандидатите за клупата на Арсенал.

Фарија во изјавата за официјалниот сајт на Манчестер Јунајтед изјави дека соработката со Мурињо е незаборавно искуство.

„По многу размислување, со тешко срце, решив дека е време да се движам понатаму. Имав 17 години неверојатно и незаборавно искуство со Мурињо. Сакам да поминат некое време со своето семејство, пред да се одлучам за нов предизвик во професионална кариера“, рече Фарија.

Инаку Фариа освои вкупно 25 трофеи за време на соработката со Мурињо.