Фудбал
Мурињо откри кога Кејн се враќа на теренот
Тотенхем вечерва на домашен терен ќе го пречека Челзи на последниот натпревар од 22. коло во Премиер лигата, а Жозе Мурињо нема да може да смета на Хари Кејн и на овој натпревар.
Сепак, најдобриот стрелец на „Петлите“ оваа сезона може да биде достапен на португалскиот стручњак многу брзо.
Специјалниот на прес-конференцијата пред дуелот со Челси објави дека Кејн многу бргу може да биде во списокот на тимот за следните натпревари.
„Задоволни сме од тоа како напредува неговото закрепнување. Следната недела играме со Евертон и Манчестер Сити, па верувам дека тој ќе може да игра на еден од тие натпревари“, откри Португалецот.
Ова секако е охрабрувачка вест за сите навивачи на Тотенхем, бидејќи првичните прогнози покажуваат дека Кејн може да биде надвор од терените неколку недели.
Капитенот на „Петлите“ претрпе незгодна повреда на натпреварот против Ливерпул пред шест дена, каде го повреди скочниот зглоб.