Фудбал
Мурињо потврди: Бејл надвор од теренот неколку недели
Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, повторно ќе има проблеми да состави тим.
Имено, Герет Бејл ќе биде надвор од терените неколку недели поради повреда, а тоа го потврди и самиот Мурињо.
Сепак, тренерот на Тотенхем не можеше точно да прецизира колку Герет Бејл ќе отсуствува, и само рече дека ќе ги пропушти следните неколку натпревари.
Станува збор за повреда на мускул, па Бејл ќе мора да паузира неколку недели.