Фудбал
Мурињо повторно ги провоцира фудбалерите – Четворица означени како незрели личности
Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо повторно ги провоцира своите играчи.
Мурињо често е во конфликт со поедини фудбалери, а сега јавно реши да проговори за играчите на кои му недостасува карактер и ги прогласи за незрели.
На удар се најдоа Лук Шо, Антони Марсијал, Џеси Лингард и Маркус Рашфорд.
„Им недостасува зрелост и да бидам јасен, кога кажувам дека им недостасува зрелост, мислам на нивните личности. Порано имаше повеќе машкост, повеќе зрелост, сите бевме многу по спремни за живот и бевме помалку заштитени. Тие се разгалени дечишта, затоа што имаа сосема поинаков живот“, рече Мурињо, па додаде:
„Лугето околу нив им даваат премногу значење. Денеска сите премногу споро созреваат. Лук Шо е голем потенцијал, но не знае да се однесува. Лук, Марсијал, Лингард, Рашфорд, сите се тоа млади играчи полни со потенцијал, но им недостасува карактер“, рече Мурињо.
Секако, ќе биде интересно да видиме каков ќе биде одговорот на младите фудбалери кои оваа сезона се сосема солидни во дресот на „Црвените ѓаволи“, иако тимот од „Олд Трафорд“ не блеска.