Фудбал
Мурињо повторно на шопинг во Челзи
Според медиумите во Англија, англискиот гигант Манчестер јунајтед се заинтересирани за услугите на бразилецот на Челзи, Вилијан, и тоа уште во јануарскиот преоден рок.
Се шпекулира дека Бразилецот не е среќен во тимот од „Стемфорд Бриџ“ каде ја загуби улогата на стартер под кормилото на италијанскиот стратег Антонио Конте.
Како и да е, Вилијан говорејќи за својата иднина ги демантираше шпекулациите, истакна дека е среќен во Челси и дека би сакал да остане, па останува дилемата колку оваа опција е реална за Манчестер јунајтед.