Фудбал
Мурињо прави голем кам-бек во Премиер лигата
Мурињо прави неверојатно враќање во Премиер лигата.
Жозе Мурињо е подготвен да се врати на својата работа како менаџер.
Португалецот е без работа откако го напушти Манчестер Јунајтед во декември минатата година, но понудите не изостанаа.
Еден од нив е Тотенхем кој ги започна првите преговори со него, пренесува „Фудбал линк“.
„Спарс“ размислуваат за разрешување на тренерот Почетино, кој направи еден од најлошите стартови во својата историја како тренер.
Иако ништо не е потврдено, Тотенхем веќе започна да размислува за новиот тренер за кој се шпекулира дека е Мурињо.