Connect with us

Фудбал

Мурињо се согласи да плати казна за спорот со даночната служба на Шпанија

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, постигна договор со даночната служба на Шпанија, која го теретеше за затајување данок.

Како што е наведено во „Ел Мундо Депортиво“ Португалецот е обвинет за финансиска измама извршена во 2011 и 2012 година, кога го предводеше Реал Мадрид.

Според изворот, Мурињо признал прекршоци и се согласил да плати парична казна од 670 илјади евра.

По ова се очекува случајот против португалскиот тренер да биде затворен и со тоа тој избегна евентуална затворска казна.