Connect with us

Фудбал

Мурињо се вклучи во нов скандал

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо повторно е актуелен откако направи ексцентричен чин на еден натпревар.

Во 7. коло од турското првенство неговиот тим во неделата го победи Анталијаспор со 2-0. Во 77. минута при резултат 1:0 голот на Един Џеко беше поништен поради заседа на Босанецот.

Несогласувајќи се со одлуката на судијата, Мурињо го постави својот лаптоп со снимката пред камерата која го пренесува натпреварот. Така Португалецот се обиде да докаже дека судиската одлука е погрешна.

Како резултат на дејствијата, судијата му покажа жолт картон на тренерот на Фенербахче.