Connect with us

Фудбал

Мурињо со провокација кон италијанскиот тренер: „Освоив 25 титули, тој два пати ја освои Серија Б“

Во недела (денеска) од 18 часот се игра големо римско дерби меѓу Рома и Лацио.

Во центарот на вниманието во Италија денеска беше пресметката на римските великани, која ја дели само еден бод на табелата. Лацио е петти на табелата со 49, Рома шеста со 48 бодови.

Невозможно е да се предвидат вакви натпревари, а единствено е сигурно дека секој на теренот ќе даде 120 проценти од своите можности и можно е да се видат како и обично голем број фаули, грди стартови и многу картони на теренот.

А за Жозе Мурињо ова ќе биде посебен натпревар. Ваквите предизвици најмногу му се допаѓаат, иако е свесен, како што вели, дека се работи за тимови со сличен квалитет и секој детал може да го одреди победникот.

Пред мечот со Лацио, Мурињо беше запрашан од новинар за изјавата на италијанскиот тренер Зденек Земан, кој во интервју изјави дека Рома разочарала со Мурињо и дека Лацио е фаворит овде.

„Тренер со 25 титули нема ништо да му одговори на тренер кој има две – двете во Серија Б“, одговори Португалецот во свој стил.

Мурињо помина низ многу дербија, но кои се посебни за него?

„За мене сите се исти. Дербито е дерби, без разлика дали сте играч или тренер или навивач. За мене игрите со Порто против Бенфика беа многу посебни, но и со Челзи против Арсенал или Манчестер Јунајтед, исто така сега со Рома против Лацио“, одговори Жозе.