Connect with us

Фудбал

Мурињо: За разлика од Гвардиола, јас ја кажувам вистината

Мурињо смета дека шпанскиот стратег лаже за повредата на Давид Силва, но дека тој „го прочитал“ и не му верува.

Манчестер Јунајтед го дочекува Манчестер Сити во претстојниот викенд, а двата тима се на врвот на табелата, седејќи на првото и второто место. Тимот на Мурињо ќе проба да ја намали бодовната разлика, која во моментов изнесува 8 бодови, но и двата тима во мечот ќе влезат без нивните креативни лидери, Давид Силва и Пол Погба.

Давид Силва е надвор од составот за денешниот натпревар против Шахтјот Доњетск, откако Пеп Гвардиола изјави дека тој имал „ситна повреда“ со која не вредело да се ризикува. Но, Мурињо не верува во овие тврдења на неговиот ривал.

„Сакате да ја знаете вистината? Ерик Бејли сигурно нема да настапи, бидејќи е повреден. Ибрахимовиќ, Фелаини и Фил Џонс имаат големи шанси да бидат во составот, додека Немања Матиќ има мала повреда, но сепак ќе игра. Јас секогаш ја кажувам вистината, немам приказни како оние за Александр Лаказет или Давид Силва. Нашите противници секогаш имаат ‘огромни проблеми’ со повредени играчи, но на крајот тие се појавуваат на теренот“, рече Мурињо, откако на прес-конференцијата беше запрашан за повредите во неговиот состав.

Ова не е првпат Мурињо да има зајадливи коментари кон Арсен Венгер или Пеп Гвардиола, но тој ги смета ваквите прес-конференции како форма на забава и секогаш ги „наградува“ новинарите со некој ваков бисер.