Поврзи се со нас

Фудбал

Мурињо за седум дена по втор пат доаѓа во Скопје, овој пат со Тотенхем

Шкендија го совлада Ботошани со голот на Бесар Ибраими постигнат уште во втората минута во рамките од второто квалификациско коло. Она што се претпоставуваше пред неколку дена, сега е официјално. Жозе Мурињо со неговиот Тотенхем доаѓаат во Скопје. Англискиот тим како гостин го совладаа Локомотив Пловдив исто така во рамките на второто коло од Лига Европа.

Мечот ќе се одигра на 24-ти овој месец во Скопје, со почеток во 19 часот. За жал поради коронавирусот нема да има поблика.

Ова ќе биде втор пат Жозе Мурињо да допатува во Скопје со негова екипа. Претходно во 2017-та година го предводеше Манчестер Јунајтед во Супер купот на УЕФА против Реал Мадрид, а Скопје беше домаќин.

Вториот тетовски тим Ренова попладнево загуби од Хајдук со 1:0, додека Силекс против Дрита игра вечерва.

Advertisement

Facebook

Реклама