Connect with us

Фудбал

Мурињо заминува од Рома, не е задоволен од раководството на тимот?!

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо може да го напушти тимот  летото 2023 година, објави „Sky Italia“.

Според италијанскиот медиум, португалскиот стручњак е незадоволен од работата на раководството на тимот.

Мурињо е на чело на Рома од летото 2021 година. Во својата прва година, тој и неговиот тим ја освоија Конференциската лига, прв трофеј за римјаните од 2008 година.

Рома моментално е на 7. место во Серија А.