Connect with us

Фудбал

Мурињо: Среќен сум со Погба, прашајте го што рече…

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо кажа дека не постои никаков проблем помеѓу првата ѕвезда на тимот Пол Погба и него.

Французионот во последниве денови се поврзуваше со Барселона, а неговата изјава дека никој не може да даде се од себе ако не е среќен и дека ќе биде казнет ако каже нешто повеќе, предизвика бројни полемики. Сепак, Мурињо дека се е во ред со играчот од средниот ред.

„Не се тепавме, не разменивме тешки зборови. Се почитуваме и не постои проблем. Не го прашав зошто го изјави она што го изјави, нема ни да го прашам. Тоа можете вие да го направите ако сакате. Единствената вистина е дека работиме заедно две години и дека никогаш не сум бил посреќен кога тој е во прашање. Не можам да барам повеќе од него. Дојде во понеделник, тренираме три дена и играме натпревар. Тоа го направи подобро од очекуваното“, изјави Португалецот.

Менаџерот на „Црвените Ѓаволи“ имаше и порака за сите претставници на медиумите.

„Ве молам, пишувајте што сакате за него, за мене, но немојте да лажете. Немојте да го ставате Погба во ситуација, луѓето да мислат дека е невоспитен и слично, а тоа не е“, порача Мурињо.