Фудбал
Мусакио го напушти Милан и потпиша за Лацио
Аргентинскиот дефанзивец Матео Мусакио повеќе не е играч на Милан.
Мусакио дојде во Милано летото 2017 година од Виљареал за 18 милиони евра, но на Сан Сиро тој не ги оправда очекувањата.
Откако му истече договорот со „росонерите“, беше одлучено тој да не остане, но тој брзо најде нов ангажман.
Имено, овој 30-годишен фудбалер денес официјално потпиша за Лацио, каде пристигна без обештетување.
Мускакио потпиша договор со римскиот клуб до летото 2023 година.
? ????????? ?
? @MateoMusacchio5 è un nuovo calciatore de #LaPrimaSquadraDellaCapitale! #WelcomeMateo ⚪️? pic.twitter.com/U6A4i1R0gx— S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) January 27, 2021