Connect with us

Кошарка

МЗТ прокоцка 19 поени разлика против Морнар

Очигледно ништо не му помага на МЗТ Скопје сезонава во АБА-лигата. Ниту со новиот тренер Жељко Лукајиќ, ниту со навивачката група „Аеродром Фемили“, која се врати на трибините по две ипол годишно отсуство, македонскиот тим не успеа да слави против Морнар.

Гостинот дојде до победа од 69-72 и му го нанесе на МЗТ седмиот пораз во низа, по што опстанокот во регионалното друштво сега изгледа невозможна мисија. „Металците“ играа фантастично три четвртини, го контролираа водството, кое во третиот период изнесуваше и 19 поени разлика. Сепак, во последните 10 минути одиграа кататрофално лошо во нападот и буквално ја прокоцкаа победата, а Морнар знаеше како да искористи и да дојде до целиот плен.

Бојан Трајковски со 17 поени беше најефикасен во тимот на МЗТ, додека Ѓорѓе Мајсторовиќ, Марко Симоновски и Јуре Лалиќ постигнаа по 11 поени. Кај Морнар, најефикасен беше Дерек Нидам со 24 поени.

Во следното коло, МЗТ му гостува на Партизан на 16 декември.