Connect with us

Кошарка

МЗТ се засили со втор Американец

Американецот Џејмс Вудард е нов член на МЗТ Скопје, откако потпиша едногодишен договор, соопшти денеска тимот од Аеродром.

Минатата сезона бекот настапуваше во дресот на литвански Невезис заедно со вториот Американец во редовите на МЗТ, Лестер Медфорд. Во првенството на Литванија, лани просечно реализирал 9,8 поени, три скока и 2,1 асистенции додека во ФИБА Еврокупот реализирал во просек по 10,1 поен, 3,9 скока и 1,8 асистенции.

Вудард во Европа има настапувано и за француски Руен, а четири сезони помина и во НЦАА-лигата во САД во дресот на Тулса.

За МЗТ сезоната почнува на 27 септември, кога го играат првиот меч во регионалната АБА2-лига на домашен терен против словенечки Хелиос.