Кошарка
МЗТ Скопје лесно до десеттата победа во АБА 2 лигата
Македонскиот вицешампион МЗТ Скопје ја оствари десеттата победа во Регионалната АБА 2 лига, откако на гостински терен го совлада тимот на Цетиње со 85:67.
Избраниците на Ѓорѓи Кочов покажа доминација и со одлична игра во третиот период го решија овој натпревар во своја корист.
Најефикасен кај „металците“ беше Андрија Бојиќ со 24 поени, додека Џејмс Вудар уфрли 18. Новото засилување Предраг Самарџиски имаше ефект од четири поени и четири скока за девет минути игра. Кај Ловќен, најмногу се истакна Алекса Поповиќ со 17 постигнати поени.
По овој триумф, тимот од Аеродром се наоѓа на второто место на табелата со десет победи и пет порази, додека лидер е Приморска со ефект од 13-1.