Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје се засили со искусниот Иванов

МЗТ Скопје Аеродром соопштија дека потпишале договор за една година со хрватскиот интернационалец Иве Иванов.

Иванов (32 год, 200 см) е поранешен играч на Задар, каде што мина вкупно седум сезони во три наврати. Хрватот настапуваше и во дресот на Крка. Минатата сезона тој настапи на 21 средба во регионална АБА-лига во дресот на тимот од Задар и постигнуваше во просек 11,2 поени и 4,7 скока.

Иванов е третото странско засилување за тимот од Аеродром ова лето по Американецот Лестер Медфорд и Србинот Андрија Бојиќ.

Ангажиран беше и младиот Виктор Исајловски (17) и тоа со петгодишен договор.