Кошарка
На 30 јули се враќа и НБА лигата – шеснаесет кошаркари во НБА позитивни на Ковид-19
Раководството на НБА-лигата и Здружението на играчи (НБПА) постигнаа договор со кој ќе се овозможи сезоната на 30 јули да продолжи во кампусот „Дизни ворлд“ во близина на Орландо, Флорида.
Долго време работевме заедно со Здружението на играчи на планот и програмата за рестартирање на сезоната и ја ставаме безбедноста и здравјето на играчите во преден план. Му благодариме на нашиот домаќин Дизни, кој понуди да ни биде домаќин и ни помогна да ја продолжиме сезоната. Благодарност и сите до медицински работници и експерти за заразни болести, кои ни помогнаа со сите медицински протоколи и работите на кои треба да се придржуваме, истакна Адам Силвер.
Во продолжението од НБА-лигата, ќе учествуваат 22 екипи – 13 од Западот и 9 од Истокот.
НБА-лигата доби дозвола од Владата на САД да ја продолжат сезоната, а правилата и мерките се ригорозни. Најсилната кошаркарска лига во светот ќе се справи и со ситуацијата околу расната рамноправност, па многу внимание ќе се посвети на движењето „Црните животи се важни“.
НБА лигата потврди дека 16 кошаркари добиле позитивни резултати од последната фаза тестирања во текот на оваа недела.