Ракомет
На бараж-средбите со Романија, во Скопје ќе судат Литванци, а во Клуж Германци
Веќе се познати судиите кои ќе ја делат правдата на двете бараж-средби против Романија.
Во Скопје, на 10 јуни, ќе судат Литванците Ваидас Мазеика и Миндаугас Гателис, додека делегат ќе биде Антон ван Донген од Холандија. Овој натпревар ќе се игра во ВИП Арената “Борис Трајковски“, со почеток во 20.30 часот.
Реванш-натпреварот Во Клуж, на 13 јуни, ќе го судат Германците Ларс Гајпел и Маркус Хелбиг, додека името на делегатот ќе биде дополнително објавено. Овој натпревар ќе се игра со почеток во 18.30 часот.