Connect with us

Фудбал

На еден од главните луѓе во Милан дијагностициран рак: Одите на прегледи, здравјето е најважно

Извршниот директор на Милан, Иван Газидис, има рак на грлото.

Оваа вест денеска ја соопшти самиот италијански клуб, а зборуваше и Газидис, кој работеше во Арсенал пред Милан. Тој се соочува со тешка битка во животот, откако му беше дијагностициран рак на грлото, но верува дека ќе ја добие оваа битка.

„Имам излечива форма на рак и позитивна дијагноза, имам светска медицинска експертиза и поддршка од целиот клуб, па убеден сум дека по сите совети, ракот успешно ќе се излечи со целосно закрепнување“, рече Газидис, додавајќи:

„Мојата дијагноза ја покажува важноста на редовните прегледи, дури и кога нема симптоми. Ги охрабрувам сите луѓе да прават редовни прегледи затоа што здравјето е секогаш приоритет“.

Тој посочи дека ќе продолжи да ја извршува својата функција на Сан Сиро, а неговата поддршка доаѓа од навивачите, но и од сите љубители на фудбалот ширум светот.

Газидис беше назначен за нов директор на Милан во декември 2018 година. Тој е многу важен за успешен Милан минатата сезона и враќање во Лигата на шампионите. Иако Паоло Малдини работи претежно на трансфери, Газидис многу се прашува за многу работи на Сан Сиро.