Фудбал
На Јувентус му фалат уште три Скудета
Она што многу луѓе не сакаат да го сфатат или да го прифатат, а прв од сите тие Де Лаурентис го знае многу добро: На технички план, искуство и ресурси помеѓу Јуве и остатокот во лигата нема и нема сè уште натпревар, затоа Наполи направи чудо, но само во три четвртини од сезоната.
Не направија изненадување слично на она на Лестер на Раниери во Премиер лига и успеаа да се одржат во живо сè до две кола до крајот на првенството.
Одиме чекор назад за да биде појасно: Јувентус влезе во оваа сезона со 6 Скудета во низа, 2 финалиња во ЛШ во 3 сезони и 3 италијански купови (Ќе додадам дека го освои и годинашниов и плус беше исфрлен од ЛШ во последна минута со сомнителен пенал).
Во победничкиот состав ги донесоа Матуиди, Даглас Коста, Бернандески и Шчесни, додека Наполи само ги сочува играчите, а Рома ги ризикуваше Шчесни, најдобриот голман минатата сезона, Рудигер и Салах, феноменот од Премиер лигата кој го однесе Ливерпул во најпрестижното клупско финале. Додека Милан се впушти во скапо и комплексно реконструирање.
Играта, идејата, работата и можноста на екипата, како и ентузијазмот на градот му дозволија на Сари да му создадат многу маки на Јуве, кој меѓу другото имаше многу повредени играчи, но на крај сите тие елементи не им беа доволни. За да го комплетираат сонот се соочија и со некои штетни судиски одлуки, но сè на сè, славеше тој што имаше повеќе бензин и многу повеќе од тоа.
Кога самиот Сари повторуваше дека Јуве е супериорен, имаше и такви кои го обвинија дека бара алиби. Требаше само да се анализира индивидуално неговиот Наполи за да му се каже дека е во право.
Како параметар ќе ги земам интернационалците за да истакнам дека Реина, Албиол, Алан, Калехон, Зиелински и Марио Руи кои се првотимци, не можат да фатат место во своите репрезентации.
Мертенс исто така не е стартер за Белгија, исто како Инсиње и Жоргињо кои не играат континуирано за Италија.
Фиксни во составите на своите земји се Хамшиќ, Хусај, Кирикеш и Милик, но зборуваме за Словачка, Албанија, Романија и Полска. Тука е и Диавара од Гвинеја.
Во овој момент соодветно е да се потсетиме на искуството и улогата на Буфон, Кјелини, Кедира, Пјаниќ, Бенатиа, Манџукиќ, Дибала, Квадрадо, Маркизио, Барцаљи, Алекс Сандро, Лихштајнер и Азамоа.
Со ЛШ во рацете на Јуве, Рома во Киев и Скудетото кај Наполи, ќе имавме поубаво лето и ќе можевме некако полесно да го свариме Мундијалот без Италија. Но фудбалот не е наменет за да ги задоволи сите.
Благодарност од срце Наполи. Јувентус е на три Скудета до теоријата на Берти.
Превод: Off.net.mk