Connect with us

Фудбал

На Капело му „излета“: Веројатно на сите им е јасно каде сака Роналдо да ја продолжи својата кариера

Се чини дека Кристијано Роналдо нема повеќе мотиви во Реал Мадрид и дека, по Зинедин Зидан, тој е подготвен да замине.

Португалската ѕвезда нигде не изјави нити објави, тоа се тврдењата на поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело, кој јасно стави до знаење дека CR7 сака нов предизвик и дека неговата желба е да оди во Манчестер Јунајтед.

“Мислам дека Кристијано Роналдо сака да се врати во Манчестер и да игра за Јунајтед, и да тренира со  сонародникот Жозе Мурињо”, изјави Капело, за „Скај Спорт Италија“.

Како да се надомести можната загуба на Роналдо?

“Реал Мадрид треба да се опорави од оваа загуба на Роналдо во однос на постигнати голови, а потоа на располагање беше само Роберт Левандовски”, изјави Капело.

“Карим Бензема може да остане, Флорентино Перез особено го обожава него”, додаде италијанскиот тренер.

Дека нешто не е во ред беше јасно уште од освојувањето на Лигата на шампионите, кога Роналдо од нигде и никаде им изјави на новинарите: “Беше убаво во Мадрид сите овие години”.