Фудбал
На Кавани му се заканува суспензија поради расизам
На Уругваецот Едисон Кавани, кој му донесе победа на Манчестер Јунајтед над Саутемптон во неделата, му се заканува суспензија поради расизам на социјалните мрежи затоа што му се заблагодари на еден навивач што му честиташе со „Благодарам црнче“.
Со два гола и асистенција, Едисон Кавани беше најзаслужен за резултатски пресврт и победа на Манчестер Јунајтед за 3:2 по водството на Саутемптон од 2:0, но сето тоа падна во втор план по неговиот несовесен гест на социјалните мрежи по натпреварот.
@Carra23 @GNev2 can you ask @Evra if he has an issue with Cavani’s use of the term “Negrito” today? I’m sure people will be awaiting his outrage… pic.twitter.com/Lbdu5mbDwo
— Peter M. Smith (@PeterSmithSings) November 29, 2020
Одговарајќи на бројни честитки, Кавани му заблагодари на еден од навивачите со „Благодарам црнче“, што предизвика бурни реакции поради расистичкиот тон на објавата.
Кавани набргу ја избриша објавата, но не помогна многу, бидејќи таа потсети многумина на инцидентот и расправии помеѓу Луис Суарез и Патрис Евра, пред десет години, кога напаѓачот на Ливерпул расистички го провоцираше фудбалерот на Јунајтед.
Инцидентот предизвика бурни реакции во јавноста, а Суарез тогаш беше казнет со 40 илјади фунти и осум натпревари беше суспендиран.
Останува да се види како ќе помине Едисон Кавани во овој инцидент, но тој сигурно е во огромна загуба, бидејќи наместо да зборува за своите голови и одличната игра, тој со својата непромисленост тоа го фрли во втор план.