Connect with us

Фудбал

На Киелини веќе не му е до прослава, неговиот агент откри денес што се случува со Јувентус

Џорџо Киелини успеа да ја круниса својата голема кариера со освојување на Европското првенство со репрезентацијата на Италија.

Киелини беше одличен на Европското првенство во тандем со Леонардо Бонучи, и тие успеаја со „азурите“ на крајот да стигнат до тронот на Европа. „Азурите“ по пенали беа подобри од Англија во финалето, а на крајот Киелини го подигна трофејот.

За капитенот на италијанската репрезентација ова е секако круна на кариерата која пристигна во последен момент. Киелини веќе има 36 години и сигурно е дека веќе размислува за пензија.

Откако неколку дена го славеа освоеното Европско првенство, италијанските фудбалери добија заслужена пауза, но Киелини не мирува бидејќи сè уште не знае каде ќе игра следната сезона.

Пред две недели Киелини стана слободен агент затоа што му истече договорот со Јувентус. Иако беше напишано дека сигурно ќе остане во Старата дама, се чини дека тоа не е така.

Имено, италијанските медиуми денес објавија дека Киелини сè уште не добил понуда од Јувентус за продолжување на договорот, што е многу изненадувачки бидејќи тој сака да ја заврши кариерата во овој клуб.

Се шпекулираше дека Киелини имал и неколку понуди од американската МЛС лига, но неговиот агент Давиде Липи денес го демантираше тоа и рече дека искусниот дефанзивец се уште нема понуди.

“Остануваме во Јувентус? Тие прво треба да дадат понуда, а до денес тоа не се случи. Чекаме Јувентус да закаже состанок за нас да разговараме за сè”, рече Липи, додавајќи.

“Тој е симбол на Јувентус многу години и сега чекаме клубот да го направи првиот потег. Тој во моментов е единствениот слободен играч на националниот тим кој ја освои европската титула пред неколку дена”.

36-годишниот дефанзивец потекнува од Ливорно, а во Јувентус пристигна летото 2005 година од Фиорентина за скоро осум милиони евра. Тој игра за Старата дама веќе 16 години и ќе биде навистина чудно ако го гледаме во дресот на друг клуб следната сезона.