Фудбал
На кој фудбалер Роналдо морал да му биде потрчко, му ги чистел копачките?
Луис Назарио да Лима Роналдо со 17 години доби повик за репрезентацијата на Бразил на Светското првенсрво 1994-та година. Таму го пречекаа големи имиња на бразилскиот фудбал како што се Бебето, Дунга, Ромарио.
Токму Ромарио бил немилосрден кон Роналдо, а вториот како тинејџер морал да му ги исполнува сите наредби.

-Ромарио беше жесток кон мене. На секои два или три часа, бараше да му донесам кафе, а по мечот ќе ми ги дадеше копачките да му ги исчистам. Се разбира тоа го правеше ред сите, вели Роналдо.
Интересно е тоа што токму Роналдо го замени Ромарио во дресот на ПСВ Ајндховен 1994-та година, а потоа и во дресот на Барселона две години подоцна.