Connect with us

Тајмаут

На навивачите на Австрија им претстои казна поради контроверзен транспарент

На Европското првенство, австриските навивачи предизвикаа скандал со транспарент на кој пишува „Брани ја Европа“. Овој слоган е познат во ултрадесничарските кругови и се поврзува со националистичките движења во Европа, особено во контекст на мигрантската политика.

Иако Австрија досега не беше на удар на критики за однесувањето на навивачите, овој инцидент може сериозно да ја наруши репутацијата на земјата. Австриската фудбалска федерација изрази загриженост за случувањата и потенцираше дека секогаш се залагале за толеранција и диверзитет.

Неминовно, следуваат казни за Австрија, како и за други балкански земји, чии навивачи веќе беа санкционирани на овој шампионат.