Connect with us

Фудбал

На Пјаниќ му се допаѓа идејата да оди во Барселона

Босанскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ очигледно нема ништо против да премине во редовите на Барселона.

Веќе некое време „Каталонците“ бараат замена за Иниеста и некако најповеќе се спомнуваат Кристијан Ериксен од Тотенхем и Мирелем Пјаниќ од Јувентус.

Иако Пјаниќ е замислен како лидер на „Старата дама“, со која ја освои дуплата круна минатата сезона, очигледно и самиот не може да го премолчи можното заминување на „Ноу Камп“.

На Инстаграм, Пјаниќ „лајкувал“ две објави на кои пише дека Барселона е заинтересирана за неговите услуги, а се работи за објави кои ги објави официјалниот канал „Calcomercato“.

Секако, медиумите одма заклучиа дека Пјаниќ е заинтересиран за трансфер во Барселона, која не успеа да го купи Антоин Гризман, а Лионел Меси сака тимот да биде засилен со неколку врвни фудбалери.